428
На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните, велат од СДСМ Скопје.
Според нив, повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот од локацијата, по што снимањето продолжило.
-Што сака да скрие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на Скопје што не дозволува да се снима салата Расадник? Зошто партиски активисти се подготвени физички да се конфронтираат заради независна кандидатка?, прашуваат од градската организација на СДСМ.