Активни 413 случаи со Ковид-19, досега ревакцинирани се над 190 илјади граѓани

од Берта Китинска
295 прегледи

Трет ден по ред како нема регистрирано смртен случај по компликации од ковид 19 во земјава.

Воедно во девет градови во земјава нема ниту еден заразен со коронавирус.Во моментов во Скопје има 158 активни случаи, додека пак во земјава вкупно 413 заразени лица.

Министерството за здравство соопшти дека завчера биле аплицирани 4.299 вакцини. Досега се вакцинирани вкупно 265.164 лица, а за вакцинација се пријавиле 453.180 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 265.164 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.036 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 4.299 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 462.415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197.251 граѓани.

Досега во земјата се направени вкупно 844.654 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413.

Слични содржини