Активни над 19.000 случаи: КЗБ одлучува дали ќе има нови мерки

од Берта Китинска
272 прегледи

Дали ќе се продолжат рестриктивните мерки и по 20 април денеска одлучува Комисијата за  заразни болести.

На денешниот состанок ќе се анализира епидемиолошката ситуација во земјава ско која ќе се процени дали треба да продолжат овие рестрикции и во кој период или ќе се оди на нивно ублажување или заострување.

Изминативе денови во земјава е забележан пад на заразените. Новиот пакет ковид мерки беше донесен пред две недели, а со него беше донесена одлука затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.

Денеска с е очекува во земјава да стигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку, според најавите, треба да стигнати на 26 април. Вакцините денеска со авион ќе пристигнат во Софија, по што со специјален транспорт ќе бидат испратени за Скопје.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.

Слични содржини