Болниците се полнат со пациенти. Властите алармираат дека состојбата со ковид 19 е критична. Во моментов здравствениот систем е под силен притисок се интервенира со ангажирање дополнителни одделенија, кадар според систем на ротација за да се одржи системот и секој пациент да биде прегледна и згрижен.Вчера беа регистрирани 1.259 нови случаи, а починаа 45 лица.
Моментално најкритичните градови во државата по однос на инциденцата се Куманово, Битола, Кичево и Тетово, информираше вчера министерот за здравство, Венко Филипче.
-Во секојдневна комуникација сме со директорите на здравствените установи во тие градови.Апелирам уште еднаш, граѓаните да се придржуваат до мерките, со сопствено одговорно однесување. Сите придонесуваме овој бран да заврши што поскоро, рече Филипче.
Во овие градови има најмногу активни случаи:
Скопје 61033, активни 10647
Прилеп 7344, активни 1082
Куманово 7264, активни 1096
Тетово 6520, активни 649
Битола 4911, активни 1053
Велес 4779, активни 799
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.