Активни над 400 случаи со коронавирус, 5491 починат од почетокот на пандемијата

од Nikola Popovski
218 прегледи

Досега, 5.491 лице почина од коронавирус во Македонија, 156.225 беа заразени, 401 се активни случаи, а 150.333 се оздравени пациенти.

Регистрирани се 54 нови случаи на инфекција со коронавирус во земјава, соопшти вчера Министерството за здравство, што значи во пораст е бројот на заболени.

Како што се наведува, во последните 24 часа не се регистрирани смртни случаи од последиците на заразата, додека 12 пациенти оздравеле.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 506.033 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 3.770 граѓани, а завчера вкупно се вакцинирале 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а ревакцинирани се 372.257 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што посочуваат од Министерството, 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 56 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 46 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Слични содржини