Катар ја осуди одлуката на пет арапски држави да прекинат воените и дипломатски контакти со државата, нагласувајќи дека “нема легитимно оправдание” за овој потег, објавија светските агенции.

Потсетуваме дека Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јемен го обвинија Катар дека го поддржуваат тероризмот и ги прекинаа односи. Земјите го блокираа Катар од воздушниот простор и побараа сите катарски дипломати да ја напуштат земјата за 48 часа.
Министерството за надворешни работи на монархијата појасни дека е жртва на “кампања со лаги” , која цели да го дестабилизира регионот.
Катар, истакна дека одлуката е во “кршење на нејзиниот суверенитет ” и им вети на граѓаните дека нема да дозволат случајот да ги засегне.
Овие мерки се неправедни и се базираат на неосновани обвинувања и наводи. Мерките имаат за цел да воведат “старателство над земјата, што е спротивно на суверенитетот, што целосно се отфрла”, додава Министерството, и ги повика државите да ги почитуваат суверенитетот на Катар.
Катар “го почитува суверенитетот на другите земји, не се меша во нивните внатрешни работи и ги извршува обврските во борбата против тероризмот и екстремизмот”, се нагласува во соопштението.
Според аналитичарите оваа мерка може да доведе до економски последици.
Спорот меѓу Катар и другите арапски држави наиде по намерна хакерски напад против државната новинска агенција на Катар.
Во јавноста се појави коментар на емирот на Катар Тамим бин Хамад ал Тани, во кој тој го фали Израел и ги ритикува арапските држави.