Акција „Двојник“: 30 дена притвор за шест службеници во МВР

од Берта Китинска
488 прегледи

Откако Обвинителството побара,  судот  на  шест лица осомничени во случајот „Двојник“  им изрече 30 дневен притвор, заради вмешаност во незаконското издавање пасоши на странски државјани со криминални досиеа.

Притвор  е одреден за уште едно лице, кое е во бегство, а други тројца ќе треба редовно да се јавуваат во судот, бидејќи како мерка на претпазливост им биле одземени патните исправи.

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе две кривични пријави – едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Сите се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувања. Десетмина од нив се вработени во службите на МВР за издавање пасоши, додека едно лице било посредник. Според информациите кои ги објави обвинителството, осомничените издале 219 пасоши од кои четири биле издадени на едно лице.

Со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Слични содржини