Акција „Двојник“: Горан Грујевски е едно од лицата што добило лажен пасош со туѓ идентитет

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва информираше дека како пример за лице со туѓ пасош со лажен идентитет е Горан Грујевски, поранешен вработен во УБК кој од земјата е избеган во Грција, под име на лицето Владимир Варелов.

„Кога зборуваме за криминални структури, кои направиле такви пасоши, да не одиме подалеку од нашата држава. Ќе споменам само за еден кој што сите го знаеме, а тоа е Горан Грујевски, кој што имаше украдено идентитет на Владимир Варелов“, истакна министерот Спасовски.

Овластени службеници и контроли од управните служби на МВР, како што појасни Спасовски, издавале патни исправи, злоупотребувајќи идентитети на граѓани кои до тој момент немале македонска патна исправа. На тој начин, вкупно 215 лица, од кои 214 се странски државјани, се стекнале со фалсификувани пасоши, преку посредник надвор од МВР.

Спасовски за прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема кои се одржаа вчера и кажа денеска биле обид за саботажа на акцијата, но дека за среќа, безуспешен.

Слични содржини