Акција преку матичните лекари и стоматолози, со цел повеќе граѓани да ја инсталираат апликацијата „StopKorona“

од Берта Китинска
260 прегледи

Во наредниот период преку матичните лекари и стоматолозите ќе се спроведе акција со цел повеќе граѓани да ја инсталираат апликацијата „StopKorona“. Досега аплкацијата ја инсталирале 55.000 граѓани.

– Зголеменото време на движење на граѓаните, а со тоа и зголемениот број луѓе со кои се контактира во денот е една ситуација во која мобилната апликација „StopKorona“ е навистина битна, заради тоа што со нејзиното користење во еден процес што значи пополнување на анкетите на епидемиолозите многу ќе им се олесни, бидејќи со тоа полесно се стигнува до контактите, вклучувајќи ги и тие за кои не сме свесни дека сме ги имале, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа апликација, посочи, е сериозна алатка во рацете на медицинските работници, заради тоа што може да овозможи прекинување на синџирот на пренос на вирус, полесно следење, рано предупредување на лицата кои имале контакт со лице позитивно на коронавирус, навремено започнување на терапија и секако изолација на лицата кои се идентификувани како контакти.

– Важноста на ваква апликација вчера ја потврди и Европската комисија. Во овој момент кај нас ја имаат инсталирано 55 илјади граѓани и ќе потенцирам дека во периодот што следи ќе спроведеме една акција преку матичните лекари и матичните стоматолози, апел за што повеќе граѓани да ја инсталираат оваа апликација, додаде Филипче.

Слични содржини