Акција во општина Карпош: Mешовити патроли ќе мапирааат различни облици на насилно однесување

од Берта Китинска

Општина Карпош започнува со акцијата за организирање на мешовити патроли во сите населби, кои ќе ги посетуваат пофреквентните места (детски игралишта, маалски паркови, спортски терени, платоа и училишни дворови) и ќе мапирааат различни облици на насилно однесување по населбите.

Во овие патроли, кои од утре (22.09), ќе се организираат два пати во неделата, ќе учествуваат претставници од Општина Карпош, СВР Скопје, Полициска станица – Карпош и претставници од родителските совети при основните училишта.

Основната цел е да се пресретне деструктивното однесување на некои посетитители, причините зошто свесно се уништува урбаната опрема, реквизитите и да се спречат овие девијантни појави во заедницата.

Мешовитите патроли беа договорени како теренска активност на последната седница на Локалниот совет за превенција. Службите на локалната самоуправа досега, често пати констатираат свесно уништување на јавните добра, а со овие мешовити патроли ќе се делува на превенција и едукација на граѓаните кои ги посетитуваат и користат јавните површини.

Слични содржини