Акција за чистење на Парк-шумата Гази Баба

од Марта Пешевска
239 прегледи

Акција за чистење на Парк-шумата Гази Баба ќе се реализира денеска во истоимената општина.

Акцијата е во организација на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ и ЈП Комунална хигиена, како и со студентите од факултетите кои се на територија на општината.