624
Полициската акција која од утрово се одвива во Грчец, Арачиново и неколку други локации во Скопје е поврзана со пукањето во хотелот Александар Палас, за што веќе е поднесена кривична пријава за четири лица, велат неофицијално извори на Локално.
Според неофицијалните информации, полицијата е во потрага по лицата кои пукале, а како што дознаваме, има и уапсени.
Официјални информации од Министерството за внатрешни работи најавуваат во текот на денот, по завршувањето на акцијата.
А.Т.