Акциски план за борба против корупција, најави Николовски

од Vladimir Zorba

Следува силен, сеопфатен, Акциски план за борба против корупција и криминалот кој ќе биде објавен веќе во вторник, соопшти денеска генералниот секретар на СДСМ и заменик на претседателот на Владата, задолжен за борба против корупција, за човечки ресурси и одржлив развој Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање.

„Акцискиот план во себе ги содржи сите забелешки, сите препораки и барања на невладини организации, на граѓанската платформа за борба против корупција, на Транспаренси, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на регулаторните тела, сите забелешки што ги имаме во извештаите на нашиот стратешки партнер САД, во извештаите од ЕУ. Со тоа ќе побараме и отворање на широк фронт, пред се политички со максимална поддршка од сите чинители. Ако сакаме да си ја средиме државата, ако сакаме да имаме систем и законот да важи за сите, дајте да ги имплементираме сите барања што до нас се стигнати и бараме секој чесен, одговорен човек кој мисли добро на државата, да даде поддршка на овие важни процеси“ посочи Николовски.

Николовски ја повика опозицијата, првенствено ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од намерата постојано да кочи и блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.

„Во овие неколку години, СДСМ, но и граѓаните се соочија со многу блокади и опструкции и кочење на важни процеси за државата. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се кочеше и блокираше дури и влезот во НАТО кое отсекогаш било важна стратешка цел, се блокираше Законот за Јавно обвинителство кое беше прва рефернција, прво барање во секој извештај на Европската комисија. Затоа, денеска повикуваме да се откажат од натамошни блокади и да застанеме заедно зад она што се стратешки интереси на државата и заеднички да работиме на крупните теми важни за граѓаните и државата“ повика Николовски.

loading...

Слични содржини