Новороденче останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство. Од Клиниката го потврдија настанот, соопштувајќи дека акушерка, вработена во ГАК ненамерно пресекла дел од палецот на бебето.
-На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата, информираат од ГАК.
Оттаму додаваат дека акушерката била суспендирана.
-Ѝ беше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место – велат од ГАК.