Алачки за „Локално“: Берово ќе биде на светската карта на најатрактивни туристички дестинации

од Берта Китинска
1,1K прегледи

Партијата „ИНТЕГРА“ ми го постави прашањето..„како да бидеме додадена вредност едни за други…и за татковината, за локалниве избори 2021“. Тоа е единствената партија која имаше сенс да ме препознае како дел од Општина Берово од каде се и корените на семејството Алачки, вели во разговор за „Локално“, познатиот македонски хармоникаш и еден од најдобрите музичари Горан Алачки.

Познатиот музичар вели дека со задоволство го прифатил предизвикот да се кандидира за градоначалник.

-„ИНТЕГРА“ имаше визија да препознае квалитет и творечка енергија, а јас го прифатив моделот на партнерство за повисока цел, модел кој не ме става во тесен партиски шинел, туку ми дава слобода да делувам во полн лидерски творечки капацитет, независен од партиските шаблони, а сепак во синергија со патриотската матрица Македонија. Многу луѓе ми кажуваат дека биле спремни да не излезат на гласање, но откако дознале дека моето име е на листата кандидати, сигурно ќе гласаат. Мислам дека на сите во општината им е смачено од црно-белиот свет во кој живееме, објаснува маестро Алачки.

Тој тврди дека жителите на Берово ќе излезат да гласаат за него затоа што ги познаваат неговите менаџерски и лидерски способности.

-Изминатите години имам донесено во општината преку 5.000 туристи од целиот свет од сите меридијани буквално. Тоа е тој мој едукативен туризам што го работам изминативе 16 години во општината. Ќе гласаат и зошто имам направено многу донаторски конференции концерти и музичко ликовни работилници со кој ја обновивме нашата опожарена црква во селото Владимирово. Општина Берово ќе биде на светската карта на најатрактивни туристички дестинации за различни видови туризам: културен туризам, агро туризам, велнес туризам, музичкo едукативен туризам и друго. Општина Берово ќе може да стане и центар на дигитални номади. Детално и посветено ќе се работи на поставување и имплементација на стратегија за развој и популаризација на предностите и вредностите на Општина Берово за различни видови туризам, со што ќе се сврти вниманието на светската јавност. На пиедесталот ќе биде едукативниот туризам со кој и се занимавам последните 20 години активирајки ги потенцијалите не само на урбаната средина,туку и на селата како едни од главните носители на отшественото живеење, вели познатиот македонски хармоникаш.

За селидбата од Скопје во Владимирово, Алачки вели дека главниот град одамна за него ја изгубил убавината.

-Решив да го напуштам и да се вратам на родителскиот камен во селото Владимирово каде го наоѓам мојот мир и спокој. Малешевијата е инспиративна за секој уметник. Изминатиот период создадов 15 нови композиции од кои две химни. Едната е химна на Владимирово што е веќе објавена, а втората е химна на Берово која е во фаза на видео реализација. Во Берово се бавам со едукативен туризам полни 16 години. Официјално жител на Владимирово сум веке 2 години, објаснува тој.

На прашањето за што е она што како иден градоначалник на општината ќе може да им го понуди на младите беровчани за тие да останат и да се реалзираат во својот град, Алчки смета дека треба да се работи „буквално се од почеток“.

-Сите квалитети од Беровско одамна разочарани од лошите и неквалитетни партиски вработувања, ја напуштија општината и заминаа во странство или во Скопје, вели тој.

Алачки има за цел и општината да ја стави на светската карта на најатрактивни туристички дестинации за различни видови туризам: културен туризам, агро туризам, велнес туризам, музичкo едукативен туризам и друго.

-Општина Берово ќе може да стане и центар на дигитални номади. Детално и посветено ќе се работи на поставување и имплементација на стратегија за развој и популаризација на предностите и вредностите на Општина Берово за различни видови туризам, со што ќе се сврти вниманието на светската јавност. Светски научници, експерти и стручни лица ќе направат истражување и експертиза: зошто како најеколошка средина на Балканот имаме најмногу заболени од карцином. (Според бројот на жители сме меѓу првите во светот по заболени мажи од карцином на дебело црево и жени со карцином на дојка). Ќе ги откриеме причините за да го откорениме и тоа зло. Ќе се воведат признанија – амбасадори на културата и заслужни граѓани на Општина Берово, со цел да се поттикнат и поддржат сите културни работници и уметници коишто даваат личен придонес за популаризација на културата, уметноста и музиката, со настап на светски натпревари, изложби, и фестивали, објаснува тој.

Кандидатот за градоначалник најавува, исто така, патна инфраструктура со безбедни витални патишта, но и збратимување со многу општини низ светот.

-Како над партиски кандидат за градоначалник на Општина Берово ќе бидам медијатор кој ќе ги обединува најголемите квалитети и индивидуи во општината без разлика на нивната верска, етничка и партиска припадност, подвлекува тој.

Б.М.

Слични содржини