Алаѓозовски: Мерките на полето на културата се на прав пат

од desk4
156 прегледи

„Владата предводена од СДСМ овозможи значајна и континуирана поддршка на граѓанскиот и независниот културен сектор. Се воведе буџетска ставка за програмска поддршка на проекти што се комбинација на повеќе уметнички и академски дисциплини во износ од 28 милиони денари годишно. Како нова, програмата е поделена на 4 категории и тоа: Интердисциплинарни проекти, Мултидисциплинарни, Трансдисциплинарни и Нови модели на јавни простори во културата“, рече Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура во СДСМ.

Алаѓозовски истакна дека вкупно се реализирани 176 проекти од кои 71 во 2018 и 105 во 2019 година. и дека владата предводена од СДСМ останува посветена на интересот на државата и граѓаните.

„Засиленото присуство на независниот културен сектор на македонската културна сцена доведе до низа проекти и иницијативи кои значат нови продукции, експериментаторски практики и модели на дејствување и воведување добри практики на одржлив раст и работење. Поддржавме многу програми и проекти што ги унапредуваат европските перспективи во македонската култура. Ја зголемивме европската мобилност на македонските уметници, културни експерти и менаџери во културата и нивно присуство на европската културна сцена. Имаме интензивирана меѓународна и регионална соработка, вмрежување и копродукции, засилена афирмација и признание на македонската култура на европски и светски план“, рече Алаѓозовски.

 

Слични содржини