Пејачката Аланис Морисет стана мајка по трет пат, објави Асошиејтед Прес. Добрата вест ја објави самата sвезда на нејзината страница на Инстаграм.
Морисет објави црно-бела фотографија од бебе кое спие, покриено во ќебе.
Приновата на семејството на 45-годишната Аланис и нејзиниот партнер, раперот Марио Травевеј е момче.
Дојде на светот на 8 август и го доби името Винтер Мерси.
Аланис Морисет и Марио Традвеј се семејство од 2010 година. Двојката има 8-годишен син Евер Имре и 2-годишна ќерка Оникс Солас.
Морисет во март објави дека очекува трето дете.
https://www.instagram.com/p/B1E17T_nK5L/?utm_source=ig_embed