Алармантен број на смртни случаи, коронавирусот забрзано се пренесува

од Берта Китинска
338 прегледи

Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50 до 59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, 4 случаи во возрасната група од 30 до 39 години и 1 случај на возраст 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (3.256; 44,7%), со неделна инциденца – 527,2/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37%.

Дополнителни кревети

Нов дополнителен оддел со 20 кревети подготвува болницата ГОБ 8ми септември за ковид пациенти. До петок треба да завршат со поставување централен довод на кислород до собите за да бидат функционални. Во моментот во оваа установа има 83ца позитивни на вирусот кои се хоспитализирани и нема слободни кревети.

Брзи тестови

Во 6 пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во Поликлиника Ѓорче Петров, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ченто, Поликлиника Бит Пазар, Поликлиника Јане Сандански и Поликлиника Млин Балкан. Овие тестови се за детектирање на вирусот КОВИД 19, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути.

Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 42540, бројката на оздравени пациенти е 25353 на починати е 1212, а бројот на активни случаи изнесува 15975.

Слични содржини