АЛАРМАНТЕН БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ ВО ГРЦИЈА: Најголем број на нови случаи од април

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Здравствените власти во Грција објавија дека најголемиот број заболени од коронавирус од 20 април е забележан во вторникот, бидејќи се регистрирани 3.565 случаи.

Тој број е скоро двојно поголем од понеделникот, кога се евидентирани 1.834 пациенти, а вкупниот број на лица кои се заразиле со ковид-19 од почетокот на пандемијата е 463.473, објави денес „Катимерини“.

Повеќето случаи се регистрирани во вторникот во регионот Атика, во кој спаѓа Атина (1.607), следен од Солун (256).

Девет пациенти со коронавирус починаа во вторникот, а 121 лице е на апарати за дишење.

Слични содржини