Бројот на пациенти хоспитализирани со коронавирус во Флорида се зголемил за повеќе од 83 проценти за 20 дена.
Според податоците што Агенцијата за здравствена заштита ги доставила до телевизијата Си-Ен-Ен, на 4 јули, 5222 пациенти биле во болниците во оваа американска држава поради Ковид-19, а нивниот број денес е 9.215.
Вкупно, повеќе од 400.000 заразени лица се регистрирани во таа сојузна држава од 1 март, додека скоро 6.000 луѓе починале.