Албанец од Косово ја убил девојката пред нивното дете во Франција

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Албанец од Косово, идентификуван како Лиридон Б., убил девојка во Франција во местото Ајонж, пренесува „Репортери“.

Локалните медиуми пишуваат дека еден млад човек од Косово, на возраст од 23 години, пукал во својата партнерка Стефани пет пати пред нивната ќерка, која има само четири години. Потоа го напуштил местото на настанот.

Полициските и медицинските служби излегле на местото на нападот, но и покрај нивните напори, младата жена починала.

Јавниот обвинител во Мезу, Кристија Макјури, изјави дека обвинетиот извршил повеќе од 20 кривични дела поврзани со насилство и трговија со дрога.

Косовскиот Албанец бил ослободен од затвор на 12-ти мај и бил ставен во домашен притвор со носење електронска нараквица.

Неколку часа откако ја убил својата партнерка, тој беше уапсен и ставен во притвор.

Слични содржини