Albanian Daily News: Албанскиот премиер Еди Рама ги повика полицајците и наставниците да “собираат гласови за Социјалистичката партија” по работното време

од desk3
62 прегледи

 Во средина на изборната кампања и обвиненија против државните чиновници за корупција, премиерот на Албанија, Еди Рама направи необичен повик од Кучова, пренесува албанската издание Albania Daily News .

Тој ги повика сите полицајци и наставници, во неработното  време, да помогнат во изборната кампања и да собираат гласови за Социјалистичката партија.
“Ги повикувам учителите во цела Албанија, како и полицајците, да се фокусираат на кампањата на Социјалистичката партија, кога ќе заврши нивното работно време “, рече Еди Рама.