Албанија и Бугарија “печалат на големо” од сириската војна- едната продава пушки и муниција, другата рачни бомби и гранати за минофрлачи

од desk3
119 прегледи

Бугарија извезла 1800 парчиња “мало огнено оружје” и 6 милиони парчиња муниција за курдските борци “Пешмерга” само за периодот август-септември 2014 година. Ова се вели во извештајот на швајцарската организација Small Arms, која секоја година изработува глобални статистики за сите аспекти на трговијата со “мало огнено оружје” во целиот свет. Канцеларијата на организацијата се наоѓа во Женева, а истражувањата и ‘се финансираат од швајцарската МНР, а финансиска помош даваат уште австриската, белгиската, данската, финската, германската, холандската, британската, американската и новозеландската влада.

pesmerge-minobacac-reuters-main-650x396

Во дефиницијата “мали огнено оружје” влегуваат лесни автомати, автоматски и снајперски пушки, пиштоли и револвери. А добивката само за август-септември минатата година од оружен извоз на Бугарија за Курдите во Сирија е 6 милиони лева (3,7 милиони долари), се наведува во извештајот.

Всушност Бугарија е една од вкупно 12 земји кои извезуваат или договориле испораки на оружје со “Пешмерга” – курдските сили што се сметаат за главен противник на “Исламска држава” во Сирија. Најголем е извозот на Германија – вредност 91 милиони долари за само еден месец. Тој вклучува 30 противтенковски лансери “Милан” со вкупно 500 противтенковски проектили 200 РПГ-та “Панцерфауст” – повторно наменети за противтенковски дејствија, 8 000 пушки G3 со 2 милиони куршуми за нив, 8 000 пушки G36 со 4 милиони куршуми за нив, 8.000 полуавтоматски пиштоли P1 со 1 милион полнења за нив итн

Турција бара да не се меша борбата против ИД и кршење на воздушниот простор

Во статистиката Бугарија се рангираше на второто место во добивка по Германија, но од 12-те земји нема податоци колку пари заработиле 6 – Албанија, Хрватска, Естонија, Франција, Унгарија, Иран и САД. За САД и Хрватска нема и податоци што точно изнеле за Пешмергите. Албанија сепак извезла 15 000 рачни гранати, како и 20 000 гранати за 40 милиметарски минофрлачи. Естонија пак извезла 1 милиони куршуми калибар 7.62 милиметри – стандардна муниција на оружје во НАТО. А Франција, каде пред само месец се случија крвавите напади во Париз, извезла непознат број тешки митралези “Браунинг M2”, како и непознат број муниција.

Всушност според податоците на ОН од 2012-та година во Франција има 19 милиони регистрирани огнени оружја кај цивилно население односно 31 од секои 100 луѓе имаат огнено оружје. За Бугарија статистиката покажува 480 илјади. Огнено оружје односно по шест лица со оружје на секој 100. Шампион сепак е САД – 270 милиони регистри огнени оружја, што прави 88 вооружени на секои 100 луѓе! За споредба во Русија регистрано оружје е малку под 13 милиони. Односно 8 луѓе од секои 100 се вооружени.

Според заклучоците на швајцарските експерти присуство на многу источноевропски држави во трговијата со оружје во Сирија, вклучувајќи и Бугарија, се условува од неможноста на соодветните земји да чуваат огромни резерви на оружје и муниција уште од комунистичко време. За чување на стара муниција е неопходен ресурс кој малку земји го имаат, велат Швајцарците.

Потсетуваме дека Бугарија се вмеша во трговијата со оружје во Сирија и на друг начин – со инцидентот во Анево. Според истрагата на американските медиуми BuzzFeed починатиот при експлозијата на муниција Американец бил подизведувач во програмата за обука и вооружување на “умерената сириска опозиција” на САД во вредност од 500 милиони долари. Програмата веќе е запрена.

Швајцарскиот извештај го наведува името на Бугарија и во однос на оружената слика во Мали. Токму во главниот град на африканската држава – Бамако, се случи нападот на хотел од синџирот “Радисон Блу”, при што загинаа десетици цивили. Во северниот дел на Мали одамна има бунтовничко движење кое се бори против централната власт и дури пред две години Франција испрати воен контингент таму. Според Small Arms екстремистите во Северниот дел на Мали користат главно старо советско и кинеско оружје, но веќе се пресретнати траги од повеќе нова муниција – бугарско и кинеско производство, од 2011 и 2010 година, соодветно. Повеќето од користената муниција од екстремистите доаѓале од воени магацини на централната власт.