Албанија ќе биде одвоена од Македонија на патот кон членство во ЕУ, објави „Еурактив“

од Nikola Popovski
42 прегледи

Албанија ќе биде одвоена од Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ, а првиот кластер на преговори официјално ќе биде отворен на 15 октомври. Ова е едногласна одлука на постојаните претставници во ЕУ, донесена на состанокот вчера (25.09), изјавил портпаролот на ЕУ за паневропската новинската мрежа специјализирана за европски прашања „Еурактив“.

Двете земји од Западен Балкан заедно ги започнаа преговорите во летото 2022 година. Поради спорот меѓу Скопје и Софија, вистинскиот почеток на пристапните преговори беше одложен, што директно влијаеше на напредокот на Албанија, забележува „Еурактив“.

Во средината на октомври се очекува Албанија да го направи следниот чекор во рамките на меѓувладината конференција, на која ќе биде отворен првиот кластер, кој вклучува неколку поглавја – „Јавни набавки“, „Статистика“, „Судски систем и основни права “, „Правда, слобода и безбедност“ и „Финансиска контрола“, пренесува сајтот.

-Ова е добра вест за Албанија, но е чекор назад за Северна Македонија, која повторно не успеа да направи одлучувачки чекор кон влезот во ЕУ, додаваат од „Еурактив“.

-Во јули 2022 година, за време на француското претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот устав заедно со другите малцинства како турското, влашкото, српското, ромското, бошњачкото и други. Сепак, таканаречениот „француски предлог“ не беше спроведен поради недостаток на политичка волја и консензус во Северна Македонија, што доведе до застој во процесот на пристапување, забележува „Еурактив“, во својот текст.

Слични содржини