Албанка приведена на Табановце, покажала туѓ пасош

од Берта Китинска
172 прегледи

Дваесет и двегодишна Албанка била приведена на граничниот премин „Табановце” бидејќи покажала туѓ пасош.

„ Р.К.(22) од Република Албанија при проверка приложила патна исправа на име на П.С.(28) од Република Албанија. Р.К. била приведена и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка“, информираа од МВР.