Албанска легенда за соработката со Србија: Тоа е грешка – нивните чувства не се искрени

од Nikola Popovski
65 прегледи

Албанија и Србија деновиве и официјално ја поднесоа заедничката кандидатура за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година. УЕФА допрва треба да донесе одлука кому ќе го довери домаќинството, а ривали на Албанците и Србите се Белгија и Турција. Одлуката на УЕФА треба да биде донесена до средината на декември.

Веста за заедничката иницијатива на Албанија и Србија изненади многумина, а некои и отворено се сомневаат во неа, како на пример поранешниот фудбалер и легенда на Албанија, Лорик Цана. Цана во својата кариера настапуваше за ПСЖ, Марсеј, Галатасарај и Лацио. Тој ја пофали иницијативата на Арманд Дука, претседателот на Албанскиот фудбалски сојуз, но задржа и доза на сомнеж.

„Знам дека го почитуваат Дука, дека српските фудбалери ни покажаа почит и застанаа за нас кога игравме во Белград, но нивните чувства не се искрени. Тоа го покажуваат во се што прават. Ги бранев боите на Албанија, играв за репрезентацијата и јас го кажувам тоа што го чувствувам .

Не е вистинско време да направите нешто заедно со нив. Зошто да не во иднина, ако работите се развиваат како што треба. Дука се уште не знае со кого си има работа, затоа не се согласувам со неговата одлука да го организира првенството со Србите. Се сомневам во нивната искреност за каква било соработка. Повторувам, верувам дека ова не е вистинскиот пат, не е време да се направи нешто заедно со нив“, изјавил Цана.

ЕП за млади фудбалери е закажано за во 2027 година и ќе се игра на осум стадиони.

Слични содржини