Албанските опозициски партии, Алтернатива, Беса и Демократско Движење денес поднеле пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата за сомневање за корупција и конфликт на интереси. Основа на оваа пријава е нивното сомневање дека има корупција и конфликт на интереси во односите помеѓу Демократската Унија за Интеграција со компанијата ЕУРОВИА, која се појавува и како донатор на оваа партија, но исто така и како подизведувач во градежните активности во рамките на Коридорот 8.
-За информација на јавноста, оваа компанија е главен донатор на ДУИ, давајќи му на оваа партија околу 70.000 ЕВРА само во 2022 година. Од друга страна, токму оваа компанија преземал тендер вреден 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи, која се раководи од кадар на ДУИ – Бујар Османи, додека истата се појавува и како подизведувач во Коридорот 8, каде како координатор на проектот од владата е назначен е првиот вицепремиер, исто така кадар на ДУИ – Артан Груби. Нашето сомневање е дека во овој случај се врши перење на пари и се реализира бизнис со оваа компанија. Впрочем, сомневањето за корупција треба да го докаже Државната комисија за спречување на корупцијата, додека тоа за што немаме веќе никакво сомневање е дека тука јавно имаме конфликт на интереси – една компанија која зема тендери од експоненти на ДУИ, истовремено е и донатор на оваа партија. Појасно од ова нема како да биде, изјави Орхан Муртезани од Алтернатива.
Во документот кој го предале, Муртезани наведува дека приложиле повеќе факти и се повикале на нормите врз основа кои дејствува оваа комисија.
-Како субјекти кои посебно сме ангажирани во борбата против криминалот и корупцијата, уште еднаш забележуваме дека европскиот дискурс и лексиката со патриотски фрази за да „ја спасиме државата и нацијата“ е недоволна за да се покрие корупцијата на ДУИ, која станало нејзин примарен и основен идентитет. Затоа денес сме тука за да потсетиме дека европска вредност е токму борбата против корупцијата, додека патриотизам е да се бориш против сите тие кои знамето не ЕУ го користат за да ги покријат стекнатите евра од политичката корупција, посочи портпаролот на Алтернатива.