Албанската полиција основа база на податоци за крвна освета

од desk3
155 прегледи

 

Албанската државна полиција основа база на податоци за феноменот крвна освета во Албанија, со што ќе им оневозможи на своите граѓани да бараат азил во земјите членки на ЕУ врз основа на крвна освета, соопшти полицијата. 

-Брзиот пристап до информации ќе служи исклучиво за потребите на полицијата за да ги идентификува сите случаи кои се случиле во текот на годините, за да се идентификуваат поединци и семејства погодени со оваа појава, за да се идентификуваат поединци и здруженија кои се занимаваат со случаи на помирување.

Оваа база исто така ќе служи и  за спречување од злоупотреба за азил за навремена размена на полициски информации со партнерите од земјите каде албанските граѓани  ја наведуваат оваа причина за да бараат азил – соопшти  полицијата, а ја пренесува албанската новинска агенција АТА. Феноменот на крвната освета го злоупотребуваат многу албански граѓани за да добијат азил во земјите на ЕУ и Велика Британија. Државната полиција на Албанија често добива барања од своите колеги од другите земји за да ги проверат наводите на албанските граѓани кои се преправаат дека им е загозен животот поради крвна освета. Оваа база на податоци ќе има за цел да ја спречи злоупотребата на барањата за азил во ЕУ и во Велика Британија. Оваа база исто така ќе биде користена од Државната полиција бидејќи во секој момент ќе бидат овозможени податоци и информации за феноменот на крвна освета во Албанија.