Албанските политички партии… И сега, кој е(зло)употребениот?

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Албанските политички партии никогаш не биле послаби на политичката сцена, и никогаш не испорачале порадикални барања.

Македонија, мојата чудесна земја ! Албанските политички партии никогаш не биле послаби на политичката сцена, и никогаш не испорачале порадикални барања. На Ахмети му го преполовија бројот на пратениците, му излегоа уште три партии во албанскиот блок,, и тој пак се прикажува за победник- лидер, па уште вели дека за кризата се виновни СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Вели другите се виновни, а тој испорачува платформи!? Никој не го обвинува него туку ЗАЕВ !? Тој и лојалниот му портпарол даваат двосмислени изјави и ништо ниту демантираат,ниту прецизираат, само пуштаат водичка и потпалуваат, а велат дека се за мир !? И кога сега сите се возат на зовриените страсти , не ја повлекуваат, барем за некое време, колку за мир у куќа, ете како чин на разум или на раздор, сеедно, а тоа пак не води кон судир, и види тој повторно е посакуваниот да биде дел од влада и на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ. И сега, кој е(зло)употребениот? Ама ова го нема никаде. И сега што (не) сакаме ? Кој против кого е, кој за кого? Да, Македонија ….мојата чудесна земја!

Фејсбук статус на Драган Антоновски