Алегри: Има идиоти меѓу фановите, но Мојс не требаше да ги провоцира

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Tренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри изјави дека не било правилно Мојс Кин да ги провоцира фановите на Каљари, но во исто време беше категоричен дека на расистите треба да им биде наметната доживотна забрана за посетување на натпревари.

По погодокот за 2:0 за Јувентус против Каљари во вторникот вечер Кин се израдува пред секторот со ултрасите на домаќините.

„Се претставвме добро. Ние не му дадовме шанса на противникот. Знаевме дека мораме да пристапиме агресивно“, рече Алегри.

Запрашан за 19-годишниот Кин, тренерот прокоментира: „Не сум слушнал никакви скандирања, бидејќи бев сконцентриран на играта. Треба да бидете доволно паметни за да одговорите соодветно на такви ситуации. Но, тој не мораше да провоцира луѓе. Ова се разбира не значи дека идиотите на трибините, и начинот на кој реагираа, треба да се толерираат“.

„Ние треба да ги користиме камерите, да ги прогласиме за виновни и да ги казниме. Многу е едноставно – да се наметне доживотна забрана“, додаде Масимилиано Алегри.