Алек Болдвин го чека своето осмо дете, па откри зошто има толку големо семејство

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Актерот Алек Болдвин го очекува осмото дете, а седмо со сопругата Хиларија.

Болдвин сега откри зошто има толку големо семејство.

„Луѓето коментираат колку деца имаме и прашуваат зошто. Еве зошто. Она што ми е најважно во животот се овие луѓе“, напиша актерот на својот Инстаграм профил.

Актерот и Хиларија често објавуваат слики од нивните наследници, а во март со своите следбеници споделија дека чекаат девојче.

„После многу подеми и падови во изминатите неколку години, имаме возбудлив подем и големо изненадување: уште еден Болдвин доаѓа оваа есен. Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно и ние сме повеќе од среќни со ова изненадување. Нашето ново бебе е светла точка во нашите животи“, напиша Хилариja, која е во брак со Алек Болдвин од 2012 година.

Слични содржини