Алекс Фергусон пуштен на домашно лекување

од desk4
94 прегледи

  Легендарниот поранешен тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, излезе од болниц и лекувањето ќе го продолжи во домашни услови.

Фергусон на петти мај претрпе силен мозочен удар и мораше итно да биде опериран. Тој по три дена излезе од кома и беше во состојба да контактира со семејството и пријателите.

На деветти мај 76-годишниот фудбалски стручњак ја напушти интензивната нега, но беше задржан на болничко лекување речиси еден месец.

Како што наведуваат англиските медиуми поранешниот тренер на Јунајтед следната сезона најавил дека планира да ги гледа натпреварите на „Олд Трафорд“.