Алексис Ципрас: Преспанскиот договор е “дипломатско ремек-дело”

од desk4
113 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека желбата за дијалог и мирен соживот е преовладува над силите на национализмот во Грција и Северна Македонија, пишува  “Катимерини”. Според него Договорот од Преспа, со кој беше решен деценискиот спор меѓу Скопје и Атина за името на Македонија е “дипломатски ремек-дело”.

Во говорот на Економскиот форум во Делфи Ципрас најави дека наскоро ќе стане првиот грчки премиер кој ќе направи официјална посета на Скопје заедно со делегација од претставници на бизнисот.

Грчкиот премиер истакна дека официјални претставници од двете соседни држави ќе седнат на иста маса, за да побараат начини за продлабочување на билатералните односи во различни сфери од заеднички интерес, како трговијата, туризмот, безбедноста, енергетиката и културата.