Ален: САД ги охрабруваат лидерите на С.Македонија да го почитуваат Договорот од Преспа

од Nikola Popovski
481 прегледи

Американската државна потсекретарка за дипломатија и односи со јавноста и висока функционерка на Стејт Департментот, Елизабет Ален истакнала дека САД го поддржуваат Договорот од Преспа и се разочарани што претседателката Гордана Силјановска-Давкова не го употребила уставното име Република Северна Македонија за време на инаугурацијата.

„Се подразбира дека го поддржуваме Договорот од Преспа. Бевме разочарани кога видовме дека претседателката не го употреби целосното и формално име Северна Македонија. Ќе следиме да видиме што ќе направи Владата. Во постојан дијалог сме со Владата која е во процес на формирање“, изјавила Ален за „СДК“.

Потсекретарката која викендов беше во посета на Скопје, додала дека засега нема да зборува за какви било последици од ваквиот чин на новата претседателка.

„Овде не би прејудицирала никакви последици, но, се разбира, се надеваме и ги охрабруваме лидерите на Северна Македонија да се придржуваат до меѓународните договори“, порачала Ален.

Слични содржини