Алена од Украина е популарна на социјалните мрежи поради нејзината неверојатно долга руса коса, поради која го добила прекарот „жива Златокосоа“.
Косата на Алена Кравченко е долга 1,8 метри и таа ја „пушта“ веќе 30 години, а тврди дека вистинската убавина на жената е токму во должината на косата. Таа минатата година отворила своја инстаграм-страница, на која секојдневно објавува фотографии од својата бујна, раскошна коса, а засега ја следат повеќе од 13.000 луѓе.
Оваа Украинка истакнува дека на Инстаграм постојано ѝ пристигнуваат предлози за брак, а многу мажи ја прашуваат и дали можат само да ѝ ја помирисаат косата.
Таа објаснува дека ѝ е потребен отприлика еден час за да ја измие косата, а тоа го прави еднаш неделно. Иако ги скратува краевите еднаш во шест месеци, вели дека никогаш нема да се потстриже.