Alfa Romeo подготвува нов спортски автомобил во 2023-та

од Vladimir Zorba

Alfa Romeo ќе нуди само целосно електрични автомобили од 2027 година, но пред тоа се очекуваат неколку „проштални“ модели кои ќе оддадат почит на историјата на компанијата со конвенционален погон. Првиот од нив ќе биде спортски двосед инспириран од иконите со високи перформанси од минатото.

Во изјавата за Auto Express, директорот на Alfa Romeo, Жан-Филипе Импарато, навести специјален спортски автомобил со мотор со внатрешно согорување што ќе го видиме следната година. Неговиот дизајн се вели дека е инспириран од историските модели на Alfa како што е 33 Stradale.

„Alfa е синоним за спортско. Ќе видите нешто спортско во првата половина на 2023 година. Имам две сценарија, целосно електричен или SUS. Можам да ви кажам дека овој автомобил ќе биде многу возбудлив, скап и ексклузивен. Веројатно во следните две години ќе имаме некои предлози кои нема секогаш да бидат целосно електрични“, рече Импарато.

Alfa би можела да користи еволуција на 2,9-литарскиот твин-турбо V6 мотор кој ги придвижува Giulia и Stelvio Quadrifoglio, моделите со високи перформанси, поради неговите врски со Заубер.

Импарато рече дека има многу инспирација за дизајнот на спортскиот автомобил, а идеите се базирани на богатата историја на компанијата.

Слични содржини