Алијанса очекува актуелни политичари да се најдат на црната листа на САД

од Nikola Popovski
167 прегледи

Алијанса на Албанците (АА) го поздравија тоа што САД ја интензивира борбата против корупцијата во регионот и Северна Македонија и велат дека пристигнувањето на тимот за санкции ја покажува решеноста на американската администрација да ја отстрани оваа чума што го поткопува развојот на државите.

Партијата очекува на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни политичари како и инволвираните во аферата „Маѓар Телеком“.

„Очекуваме на списокот да се додадат и други корумпирани актери коишто се сè уште политички активни и недопирливи за правдата во државата бидејќи токму тие ги контролираат судиите и обвинителите. За почеток, новата листа логично треба да ги содржи имињата на политичарите инволвираните во случајот ‘Маѓар Телеком’ против кои Комисијата на американската берза донесе полноправно кривично решение“, велат од АА.

Тим за санкции од Вашингтон пристигна во земјава за да изврши поагресивен увид во поранешните и сегашните корумпирани актери, и да ги разгледа сите можни одговори, објави денеска на Твитер американската амбасадорка Анџела Агелер.

На оваа тема, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, минатата недела најави дека САД ќе продолжат со воведувањето санкции за корумпирани политичари бидејќи досегашните вродиле со плод.

Слични содржини