Али: Од Сити можеш многу да научиш

од Vladimir Zorba

Младиот талент на Тотенхем, Деле Али не штедеше пофални зборови на адреса на Манчестер Сити, кој ја освои титулата во англиската Премиер лига.

„Сити е прекрасен и талентиран тим, кој освоил многу натпревари. Од нив можеш многу да научиш. Тие многу брзо ја движат топката, одлични се движат низ целиот терен“, изјави англискиот репрезентативец.

„Сите во Тотенхем сакаат да продолжат да напредуваат. Беше тешка година, многу тимови од Премиер лигата станаа посилни, никогаш не е лесно тука. Ние мора да ја продолжиме борбата“, рече Али.

Во моментов Тотенхем е на 4-тото место на табелата со предност од 67 поени и е на удобни 7 поени пред 5-тиот Челзи.

Слични содржини