Алиев му се извини на Путин за егзекуцијата на руските мировници во Нагорно Карабах

од Vladimir Zorba

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, се извинил и изразил длабоко сочувство за егзекуцијата на руските мировници во Нагорно Карабах на 20 септември, соопшти прес-службата на Кремљ.

Како што рече Алиев, на чија иницијатива се одржа разговорот со Путин, ќе се спроведе детална истрага за смртта на руските мировници и ќе бидат казнети сите одговорни за тоа, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА Новости.

Во исто време, двајцата лидери за време на телефонскиот разговор се согласија дека Азербејџан ќе соработува со руските мировници за да се обезбеди безбедноста на Ерменците во Нагорно Карабах.

Слични содржини