Алигатор тешко повредил велосипедист на Флорида (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Алигатор нападна и сериозно повреди маж во понеделникот во парк на Флорида, соопштија денеска властите.

Нападот се случил во Регионалниот парк во Стјуарт, кога човек кој возел велосипед изгубил контрола и паднал преку насипот кон водата, се наведува во соопштението на шерифот од областа Мартин на Фејсбук, пренесува агенцијата АП.

Како што е наведено, алигатор долг три метри го зграпчил човекот, кој на крајот успеал да се ослободи, бидејќи ползел и имал помош од случаен минувач.

Спасувачките екипи ја обезбедиле областа и го одвеле човекот да му се пружи лекарска помош, а бил повикан професионален ловџија да го фати алигаторот.

Службата за диви животни го истражува нападот.

Слични содржини