Алијанса на Албанците (АА) денеска порачаа дека криминалот, корупцијата, злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминуваат сите граници на срам и деградација.
Според партијата, успесите на Ансамблот на песни и игри им припаѓаат на албанскиот народ и на сите членови на ансамблот и за ова честитки до сите заслужни.
-Сепак директорските паради и лижењето на директорот пред нозете на еден лидер на партија е срамно и неподносливо. Ова станува уште посрамно кога се принудуваат членовите на ансамблот да одат во партиски штаб, да му служат на директорот и да се стават во партиската пропагандна агенда, велат од АА.
Фотографиите објавени во седиштето на ДУИ и со претседателот на оваа партија, обвинуваат од опозициската партија, јасно докажуваат кој стои зад сите коруптивни афери, кој ги штити директорите осомничени за злоупотреба на пари и институцијата и зошто ваквите случаи немаат праведен епилог.