391
Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска ќе протестираат против, како што велат, кражбата на албанскиот глас од страна на ДУИ.
Протестниот марш на коалицијата „Сега е времето“ наречен „Марш за демократија“ ќе започне од паркот на Чаир и ќе заврши пред канцеларијата на ЕУ и Државната изборна комисија.
Од оваа коалиција велат дека во маршот ќе се почитуваат здравствените препораки.