Алиоски ја покажа хуманоста: Купи топла облека за настраданите од земјотресот во Турција (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
221 прегледи

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски ја покажа својата солидарност на дело и учествуваше во хуманитарна акција за помош на настраданите и најпогодените од катастрофалниот земјотрес во Турција.

Популарниот Џани како член на турски Фенербахче учествуваше во хуманитарната акција на клубот.

Алиоски лично се погрижи за купување облека за семејствата погодени од земјотресот.

Бројот на загинати во разорниот земјотрес во понеделникот во близина на турско-сириската граница надмина 16.000, додека надежите дека ќе се најдат повеќе преживеани во урнатините исчезнуваат од час во час. Бројот на загинати во Турција се искачи на 12.391, јави државната новинска агенција Анадолу, повикувајќи се на турската агенција за катастрофи АФАД, додека други 62.914 лица се повредени.

Слични содржини