Обожавателите на авантурите на Лара Крофт ќе бидат воодушевени од веста дека веќе се работи на
нов филм „Tomb Raider“. Новиот проект веќе има сценарист, а освојувачката на „Оскар“, Алисија
Викандер ќе се врати во главната улога.

Филмот е заедничко производство на „MGM и Warner Bros.“, кои ја привлекле сценаристката Ејми
Џамп за да ја подготви приказната. Таа е позната по нејзината работа на „Free Fire“, во која игра
самата „Capitan Marvel“ – Бри Ларсон, како и серија соработки со познатиот британски режисер Бен
Витли.
Продуцентот на првиот филм „Tomb Raider“, Греам Кинг, кој го продуцираше оскаровскиот
„Bohemian Rapsody“, исто така се враќа. Првиот филм, повеќе или помалку, ги следеше настаните од
истоимениот филм од 2013 година, а на крајот се остави отворена можноста за продолжување.
Сепак, не е јасно дали следниот филм ќе ги следи „Rise of the Tomb Raider“ и „Shadow of the Tomb
Raider“ од 2015 и 2018 година.
До неодамна, идејата за продолжение се чинеше дека е осудена на пропаст, бидејќи првиот филм
не беше голем финансиски успех, а гласините тврдеа дека Викандер не била заинтересирана за нов
ангажман. Што се однесува до самата гејмерска серија, продуцентот на Shadow of the Tomb Raider
неодамна навести дека би било „големо изненадување, ако Лара не се појави во некаква форма во
нова игра“.