200
Голманот на Ромa, Алисон ќе го напушти клубот само во насока на Реал Мадрид. Бразилецот е баран од Челзи, но во Италија велат дека неговата желба е поинаква.
Рома веќе одби една понуда од 60 милиони евра од Челзи за 25-годишниот голман, откако „волците“ сакаат барем 75 милиони. Според „Ил Масаџеро“ сепак Англичаните немаат шанси за потписот на Бразилецот, чиј сон бил да игра на „Бернабеу“.
Алисон моментално е со бразилскиот национален тим на Светското првенство и ќе размисли на неговата иднина по завршувањето на турнирот. Сепак, Бразилецот му навестил на својот менаџер за неговата голема желба.