Алиу: Доколку „Огнената група“ се одвои од ДУИ, се отвора патот за вклучување на Алијанса за Албанците во владината коалиција

од Destan Jonuzi
231 прегледи

Доколку „Огнената група“ се одвои од ДУИ, a пратениците кои ја подржуват оваа група ја напуштаат пратеничката група на ДУИ или не гласаат за владините политики, тогаш се отвора патот за вклучување на Алијанса за Албанците во владината коалиција, оценува политичкиот аналитичар Ќенан Алиу.

– Пратениците подржувачи на „Огнената група“ немаат докажано досега дека имаат капацитет и интегритет да одлучуваат поинаку од одлуките на лидерот на ДУИ. Но, ако судирите кулминират, тогаш тоа може не само да доведе до слабеење на Владата, туку и до губење на кревкото парламентарно мнозинство. И ова несомнено ја отвора неизбежната можност за отворање на вратата за влез Алијанса за Албанците во влада на Димитар Ковачевски. Но, како ќе постапи Алијансата за Албанците доколку евентуално и се даде оваа понуда, ќе треба да почекаме за да видиме, изјави Алиу за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини