Потпретседателот на Алтернатива, Љулзим Алиу во Топ Тема уште еденаш го повтори ставот на партијата во врска со понудата на Христја Мицкоски, Африм Гаши да биде назначен за премиер.
-Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и се уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго која треба да се реши и преговара со Заев и новиот лидер на СДСМ, нашата парија е соочена во друг правец.Јас ценам дека односите помеѓу партиите сега се смирени ако пред неколку години не можеше да се замисли да се преговоара со лидерот на ВМРО, нивниот став е сменет и ние пред кратко време имавме соработка на локалните избори, кажа Алиу.