Алкалоид го живее сонот за европски трофеј и носи плус четири од Атина

од Nikola Popovski
135 прегледи

Голема победа на РК Алкалоид во првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп против грчки АЕК. Избраниците на Кире Лазаров победија со 29-25 на гостувањето во Атина, пред 8000 фанови.

Алкалоид прикажа одлична игра во текот на целиот натпревар и го контролираше темпото. Евидентна беше разликата во квалитетот меѓу двете екипи, што се докажа и на теренот. Со тоа, тимот на Лазаров е пред освојување на првиот трофеј во својата кариера.

Клубот од Автокоманда во јуни ќе прогласи четири години од своето постоење.

Најефикасен играч во таборот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со шест погодоци, а „пет од пет“ имаше Франциско Да Силва. Голем удел во овој триумф имаше голманот Иван Галевски кој фати пет пенали и вкупно девет интервенции, додека двоцифрен со десет одбранети удари беше Марко Кизиќ.

Реваншот е наредната недела во Скопје во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.

Слични содржини