Алкараз: Синер моментално е најдобар во светот

од Vladimir Zorba

Колку пчелите му помогнаа на Карлос Алкараз да го победи Александар Зверев, тоа го знаат само тој и Германецот. Но, тој најдобро знае дека навистина ќе му треба помош во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс против Јаник Синер. Затоа што Шпанецот има негативен меѓусебен скор и против Германецот и против Италијанецот.

– Синер моментално е најдобриот тенисер во светот, тоа ќе биде голем предизвик – истакнува Алкараз, кој победи три пати во седум меча против својот следен противник.- Искрено, јас самиот не знам како да пристапам на овој дуел. Ја видов изјавата на Томи Пол дека „Синер игра целосно гол“ и многу ми се допадна.

Американецот, инаку, го цитираше својот аргентински тренер дека во таа земја кога некој игра беспрекорно, се вели дека „игра гол“.

-Јаник навистина игра феноменално, тој е непоразен во 2024. Навистина уживам да го гледам како игра. Тоа ќе биде голем предизвик за мене. Ги загубив последните два натпревари од него, па морам малку да се прилагодам. Во секој случај, тоа ќе биде мојот најтежок натпревар досега во сезоната.

Секако, сè уште е тема на денот инцидентот со пчелите кои го одложија дуелот со Зверев за речиси два часа и по кој Германецот некако целосно исцеден го продолжи натпреварот.

– Веројатно најчудниот натпревар што сум го одиграл. Го добив третиот гем и требаше да сервирам кога ги видов пчелите. Отпрвин мислев дека има само неколку, а потоа погледнав кон небото и видов стотици, некои од нив на мојата коса. Една ме касна. Беше лудо, почнав да трчам на сите страни за да се спасам.

Кога тенисерите се вратија на теренот, проблемот се уште не беше решен.

– Имаше повеќе пчели по аглите и не вознемируваа. Се обидовме да се загрееме, но ги видов и не можев да се концентрирам. Повеќе внимавав да се држам настрана од нив отколку како да удрам.

Меѓутоа, кога натпреварот продолжи, играше само Алкараз. Зверев застана.

– Се смирив и се фокусирав на топката. Одлично го започнав продолжението – објаснува Карлитос што било пресудно да победи со 6:3, 6:1.

Инаку, полуфиналето меѓу Алкараз и Синер е и дуел за второто место во светот. Данил Медведев повеќе ја нема таа шанса. Штом Шпанецот и Италијанецот го прескокнаа четвртфиналето, Русинот останува на четвртата позиција.

Слични содржини