„Алкохол, опијати, кокаин“: Метју Пери откри зошто денес не сака да ја гледа серијата Пријатели

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Метју Пери се прослави со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“. Актерот неодамна во својата исповед откри какви проблеми имал со зависноста. Тоа е една од главните причини зошто денес не сака да ја гледа популарната американска серија.

„Не ја гледав серијата затоа што само ќе си повторував ‘алкохол, опијати, кокаин’. Можев да кажам за секоја сезона што користев тогаш според тоа како изгледам и затоа не сакам да гледам. Тоа е сè што би видел“, рече тој.

Дрогата го загрозила неговото здравје до тој степен што не можел сам да функционира.

„Во еден момент толку многу се тресев што ако сакав да се префрлам од полицата за книги до масата, морав да го сторам тоа потпирајќи се на нешто. Тоа отиде предалеку“, рече тој, а потоа продолжи:

„Знаете, она што секогаш ме тера да плачам е фактот дека ова не е фер. Не е фер што морав да поминам низ оваа болест додека остатокот од тимот не. Тие добија се што добив јас, но јас морав да се борам со оваа болест и се уште го правам тоа“, заклучил тој.

Слични содржини